Connect with us

Тајмаут

Пандев, Лазаров и Иџе нема повеќе да рекламираат казина или обложувалници, вели Ристовски

Кире Лазаров, Горан Пандев, и Игор Стефановски Иџе, најдобрите македонски спортисти во нивните спортови, нема повеќе да рекламираат казина и обложувалници. Ова го изјави министерот за спорт, Борко Ристовски, кој рече дека имал разговори со нив.

-Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности,нагласи Ристовски.

Ристовски вели дека немаат ништо против, како министерство или влада, против било која компанија да финансира клуб или федерација, но не сакаат, како што вели, истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити.