Фудбал
130 војници ја пребаруваат џунглата! Таткото на ѕвездата на Ливерпул е КИДНАПИРАН веќе четири дена, се стравува за едно нешто!

Војници, полицајци, командоси… Сите ја чешлаат џунглата на границата на Колумбија и Венецуела и се стравува дека киднаперите веќе заминале во соседната земја.
Колумбискиот фудбалер Луис Дијаз минува низ тежок период откако неговите родители биле киднапирани од киднапери. Откако побарале голем откуп, полицијата донекаде успеала да им влезе во трага и успеала да ја ослободи мајката, но засега се уште не може да им влезе во трага и да го спаси таткото на познатиот фудбалер.
Со оглед на тоа дека драмата влезе во четвртиот ден, новите информации велат дека сега во се е вмешана и војската. Ја „чешлаат“ џунглата на границата меѓу Колумбија и Венецуела, бидејќи веруваат дека киднаперите таму го однеле таткото на фудбалерот на Ливерпул, но се уште чекаат позитивни вести. Неколку стотици полицајци и војници се ангажирани во спасувањето на несреќниот човек, а Луис Дијаз се уште е загрижен, далеку од дома.
Му било советувано да не ја напушта Англија заради сопствена безбедност и дека е далеку подобро да не дојде во Колумбија во овој момент. „Црвените“ се со него, тој моментално не тренира со тимот и не играше за време на викендот, а нема сомнеж дека ако неговиот татко биде ослободен – сигурно ќе си оди дома да ги види.
Во оваа потрага биле ангажирани повеќе од 130 луѓе, хеликоптери ќе летаат над џунглата на границата на Колумбија и Венецуела, командоси има и во планините, а не е исклучена можноста киднаперите да го однеле таткото на Дијаз во соседна земја.