Тајмаут
Не, не, немојте грев е: Фудбалерот на Баерн избегнувал да се полева со пиво од религиозни причини (ВИДЕО)

Фудбалерот на Баерн Минхен, Саша Боеј, вчера ја прослави титулата во германското првенство со овој познат клуб, а трофејот не сакаше да го прослави со алкохол.
Во Германија е практика да се слават титулите со пиво кога играчите си истураат пиво еден на друг, а баварскиот дефанзивец не сакаше да падне во таа стапица.
„Не, не, немојте, грев е, рече Бој додека се обидуваше да се дистанцира од своите соиграчи кои ја славеа титулата на „Алијанц Арена“.
Што се случило за време на прославата, овој дефанзивен фудбалер објави на својот Инстаграм профил по натпреварот. Како што е познато, овој 24-годишен Французин е муслиман и му е забрането да консумира алкохолни пијалоци, што го почитуваше кога ја славеше титулата на клубот од Минхен.
Инаку, Боеј пристигна во Минхен во јануари 2024 година за 30 милиони евра од Галатасарај, а оваа сезона запиша две асистенции во 16 одиграни натпревари за Баварците.