Фудбал
Одби милиони од Сауидиска Арабија, не мрда од Барселона!
Бразилецот Рафиња е исклучително баран поради одличните настапи во последните неколку сезони.
Сепак, како што пишува „Марка“, крилниот напаѓач воопшто не размислува за заминување од каталонскиот клуб. Тој не е подготвен да си замине од тимот на Ханси Флик, иако до него стигнуваат информации дека неколку клубови подготвуваат милионски понуди.
Рафиња не сака да разгледува понуди од други клубови бидејќи неговата намера е да остане во Барселона.
„Се чувствува ценет од клубот, почитуван од Флик, сакан во соблекувалната и славен од навивачите“, наведува „Марка“.
Бразилскиот репрезентативец, кој има 29 години, го продолжи договорот со Барселона во мај 2025 година, а неговата желба да остане дел од „куле“ не се променила.
Од Саудиска Арабија доаѓаат информации дека некои клубови подготвуваат огромни понуди за Рафиња.
Според некои извори, тие би биле подготвени да ѝ платат на Барселона околу 90 милиони евра, додека на фудбалерот би му понудиле значително повисока плата од сегашната.