Фудбал
Евертон „одигра“ за Арсенал, само реми за Сити, Гвардиола вели подобро бод отколку без бод (ВИДЕО)
Со голот на Џереми Доку во судиското надополнување на вториот дел екипата на Манчестер Сити остана непоразена на гостувањето кај Евертон и дуелот заврши 3:3. На тој начин „граѓаните“ заостануваат пет бодови зад лидерот Арсенал и натпревар помалку до крајот на Премиер лигата.
Манчестер Сити на последниот дуел од Премиер лигата од 35.коло поведе на гостувањето кај Евертон со голот на Доку во 43.минута. Но, во вториот дел одбраната на Манчестер Сити правеше грешки и Евертон дојде до водство од 3:1. Во 68.минута погреши Марк Геи и Тиемо Бари изедначи на 1:1, а пет минути подоцна по корнер Џејк О‘ Браен донесе водство од 2:1 за Евертон. Домашниот тим со вториот гол на Бари поведе со 3:1 во 81.минута, а Ерлинг Халанд во следната намали на 3:2 потоа следеше вториот гол на Доку за 3:3.
Арсенал има 76 бодови, а Манчестер Сити 71, притоа Арсенал има и подобра гол-разлика.
– Па, подобро е бодот отколку без бод. И ќе беше подобро да го добиеме натпреварот, бидејќи ни требаа бодовите. Значи, многу работи се случија во натпреварот. Мислам дека, со оглед на тежината на противникот и неверојатно, неверојатно агресивниот начин на кој играа, бевме со многу смиреност. Првото полувреме беше исклучително. А потоа, во второто (полувреме) тие го засилија темпото. Игравме добро, но можеби не со намерата што ја имавме во првото полувреме, изјави Гвардиола.фо