Connect with us

Фудбал

Шпанија со најстариот фудбалер досега: 70-годишен голман бранеше и имаше неколку одлични интервенции (ВИДЕО)

Шпанскиот нисколигашки фудбал испиша несекојдневна страница од историјата откако голманот Анхел Матеос Гонзалес стана најстариот играч што некогаш настапил на официјален натпревар во Шпанија.

Овој 70-годишен чувар на мрежата настапи за клубот ЦД Колунга во натпревар од петтиот ранг, со што го собори рекордот и покажа дека годините не се пречка за спорт.

Неговиот тим се натпреварува во лигата Терсера Федерасион, а дуелот против екипата ЦД Правиано беше идеална можност за овој историски момент.

Матеос Гонзалес ја завршил професионалната кариера пред речиси три децении, но останал активен во фудбалот, помагајќи им на младите голмани и одржувајќи добра физичка форма. Токму поради неговата посветеност, клубот му укажал чест и му дал можност повторно да застане на голот.

Колунга го загуби натпреварот со 2:0, а Гонзалес бранеше речиси еден час.

Од клубот нагласија дека целта не била рушење рекорди, туку оддавање признание на човек кој ја симболизира страста, дисциплината и љубовта кон фудбалот.

Самиот Гонзалес изјави дека не бил сигурен колку ќе игра, но додаде дека се чувствува подготвен и дека му претставува голема чест повторно да настапи.