Фудбал
Ах, таа Европа-Со пешкири го сушеа теренот од вода за да може да се одигра мечот (ВИДЕО)

Добро познат факт е дека терените во Македонија се меѓу најлошите во регионот во последните 30 години, но синоќешниот пример од Љубљана покажува дека дури и во оние земји кои се во Европската унија, се соочуваат со исти или слично проблеми. Синоќа во Љубљана се одигра натпреварот од претпоследното коло од Конференциската лига меѓу Олимлија и Лил, а во пресрет на натпреварот во Љубљана врнеше силен дожд што му создаде големи проблеми на организаторот на натпреварот. Имено, тревникот на стадионот Стожице бил накиснат и покрај наводното одличната дренажа, па организаторите морале да смислат начин како да го подготват теренот за игра.
💧 Alors que Ljubljana-LOSC est menacé, les Slovènes tentent de sécher la pelouse avec… des serviettes de bain ► https://t.co/UsKqb2H13h pic.twitter.com/5wSkmk8X2Y
— RMC Sport (@RMCsport) November 30, 2023
Работниците на словенечкиот клуб смислија решение за своите проблеми, па поради тоа станаа хит на социјалните мрежи. Тие донеле голем број крпи и на тој начин се обиделе да се ослободат од водата на тревникот.
💧 Alors que Ljubljana-LOSC est menacé, les Slovènes tentent de sécher la pelouse avec… des serviettes de bain ► https://t.co/UsKqb2H13h pic.twitter.com/5wSkmk8X2Y
— RMC Sport (@RMCsport) November 30, 2023