Connect with us

Кошарка

Ајзеа Томас дебитираше со победа во дресот на Кливленд

Ајзеа Томас конечно дебитираше во дресот на Кливленд, а со неговата игра успеа да им донесе победа над екипата од Портланд со резултат од 127:110.

Тoj паузираше подолг период и вчера одигра 19 минути со реализација на 17 поени и 3 асистенции. Леброн Џејмс беше лидерот на тимот со релаизирани 24 поени, 8 асистенции и 6 скокови додека Лав уфрли 19 поени.

Во поразениот Портланд Демијан Лилард кој се врати на терените, одигра фантастична партија со 25 поени, а покрај него се истакна и Јусуф Нуркиќ, со 23 поени и 8 скокови.

https://youtu.be/ZFgCH8Etxzw