Фудбал
Академија Пандев не го менува тренерот
Александар Таневски останува на тренерската позиција на Академија Пандев.
-Задовоството за продолжување на соработката е обострано, а Таневски потполно се вклопува во стратегијата на клубот особено кон давање шанса и подигање на квалитетот на младите играчи во сениорскиот тим, ве вели во клупското соопштение.
Таневски го одреди и својот тим на помошни тренери: Ѓорѓе Стојчев, Ристо Ристов и Александар Стојанов, тренер на голмани Томи Пандев и кондиционен тренер Перо Костовски. Почетокот на припремите за новата сезона се закажени за 1ви јули.