Фудбал
Алегри се збогуваше со Игуаин: Милан купи одличен напаѓач
Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри, после натпреварот со ѕвездите на МЛС, на прес конференцијата зборуваше за Гонзало Игуаин, Леонардо Бонучи и Матиа Калдара.
Јувентус на пенали дојде до победа над ѕвездите на МЛС лигата, а Алегри по натпреварот не можеше да го избегне прашањето за трансфер сагата Гонзало Игуаин, Матиа Калдара, Леонардо Бонучи.
Јасно е дека работите се завршени и дека денеска се очекуваат официјалните потврди, а откако Игуаин се збогуваше од Јувентус, Алегри рано наутро по наше време се збогуваше од аргентинскиот напаѓач и италијанскиот дефанзивец и му посака добредојде на Леонардо Бонучи.
„Леонардо се враќа после година дена, тој е важен играч за нас. Од друга страна Калдара е млад и заедно со Ромањоли и Ругани е еден од тројцата најдобри млади италијански стопери. Жал ми е, но трансфер пазарот не натера да го продадеме. Што се однесува за Игуаин, срдечно му благодарам на изминатите две години. Милан сигурно купи одличен напаѓач“, кажа Алегри после натпреварот.
Денеска сите три фудбалери на лекарски прегледи и се очекува веднаш после тоа да ги потпишат договорите.