Кошарка
Александар Петровиќ веќе не е селектор на хрватската кошаркарска репрезентација
Хрватскиот кошаркарски стручњак Александар Петровиќ по неуспехот на Европското првенство, по третпат во кариерата ја напушта функцијата селектор на државниот тим.
Кошаркарскиот сојуз на Хрватска образложи дека причина за неговото заминување е тоа што поразот од Русија во 1/8-финалето од ЕП предизвикал негативна конотација и оти двете страни се согласиле на прекин на договорот.
Третиот мандат на клупата на селекцијата на Хрватска, Петровиќ го почна во 2016 година, избори пласман на ОИ во Рио на кои беа елиминирани од Србија во ¼-финалето.