Тајмаут
Заедно со сопругата нападнал медицинска сестра од Брза помош-Уапсен познат кошаркар!
Познатиот аргентински кошаркар Лука Вилдоза синоќа беше уапсен откако со тимот на Виртус од Болонија го победи Монако во натпревар од Евролигата. Вилдоза беше уапсен заедно со неговата сопруга, која е српска одбојкарка, Милица Тасиќ, откако беа обвинети за напад врз медицински персонал.
Сè се случувало на улицата Виа Калори, каде што застанале возилата на Итната помош за да лекарите стигнат до адресата на итниот случај, а во тој момент на улицата поминал Вилдоза со својот автомобил.
Вознемирен од пречката на патот, тој прво светнал кон возилата на Итната помош, а потоа ги навредил лекарите во нив. Меѓутоа, инцидентот тука не завршил. Всушност, плејмекерот на Виртус и екипата на Итната помош повторно се сретнале на улицата Виале Силвани, каде што возилата на Итната помош имале вклучена ротација и сирени.
Потоа, според наводите, Вилдоза почнал да го попречува возилото на Итната помош со кочење и маневрирање, се додека медицинскиот персонал не застанал да праша зошто се однесува така непријателски. Играчот, откако врескал на болничарите – кои според него биле „виновни“ што ја зафатиле сообраќајната лента и го попречувале бидејќи „се играле со телефоните“ – го зграпчил медицинското лице за врат и го нападнал.
Со Вилдоза во тој момент била и неговата сопруга Тасиќ, и двајцата завршиле во притвор. Италијанскиот клуб сè уште нема официјална изјава.
Инаку, Вилдоза на синоќешниот натпревар постигна осум поени во победата на Виртус со 77:73 против Монако.