Connect with us

Фудбал

Алиоски мета на француски гигант, Лидс го проценува на 4 милиони евра

Езџан Алиоски имаше доста непријатна епизода во Прилеп пред да замине на летниот одмор заедно со Енис Барди и Ферхан Хасани, а интересно, сега името на македонскиот репрезентативец стана актуелно во француската спортска јавност поради интересот кој го пријави еден фудбалски гигант од оваа земја за услугите на левиот бек.

Алиоски беше стандареден во тимот на Биелса изминатава сезона и е нераскинлив дел од стартната постава на селекторот Игор Ангеловски, па воопшто не чуди што неговите константно добри изданија прават да биде забележан и од многу посилни клубови, во случајот францускиот великан Марсеј. Како што информираат дел од француските медиуми, македонскиот лев бек се наоѓа на радарот на новиот стручен штаб кој пристигна во Марсеј, или поточно од тренерот Андре Вилјаш Боаш кој пред извесно време беше назначен за нов тренер на „Велодром“.

Португалскиот стручњак го споменал името на левиот бек во својата листа на потенцијални засилувања, а како што велат последните информации од Франција, Лидс го проценува својот фудбалер на 4 милиони евра откако одигра 44 натпревари во Чемпионшип лигата.

Извор: Derbi.mk