Connect with us

Фудбал

Алисон со изјавата веднаш ги “купи” сите навивачи на Ливерпул

Алисон Бекер е најскапиот голман, но веројатно, Ливерпул ја донел вистинската одлука.

Алисон ќе го замени Тибо Куртоа а навивачите на Ливерпул се среќни што бразилецот е новиот член на тимот.

Овој голман ги импресионираше сите уште на првиот тренинг одбранувајки “зицер” на Марко Грујиќ, а потоа даде изјава која која ги изненади сите фанови на Ливерпул.

“Ова ми е прв ден и веќе се чувствувам како да сум дома!”, изјави Бразилецот за официјалниот портал.

“Го чекав овој ден подолго време и беше фантастично. Едвај го дочекавме овој ден и не можам да дочекам да ја започнам новата сезона”, рече тој.