Connect with us

Фудбал

Алкантара се враќа во Барселона?

Тиаго Алкантара наскоро би можел да се врати во Барселона, во клубот во кој порасна.

Шпанецот на почетокот на сезоната во Ливерпул го мачеа повреди, а сега предност на неговата позиција имаат Собослај и Мекалистер кој го загуби местото како стартер.

Неговиот договор со Ливерпул е до 2024 година, па тој следното лето станува слободен агент.

Алкантара ја напушти Барса во 2013 година, кога на покана на Пеп Гвардиола замина во Баерн за 25 милиони евра. Со Баварците ги освои сите можни трофеи, а од неговото доаѓање во Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лига Купот.