Connect with us

Ракомет

Алушовски: Вицешампион преполн со звезди доаѓа во нашиот град и тоа е посебен настан

Гостувањето на Веспрем во Битола е празник на ракометот. Европскиот вицешампион преполн со звезди доаѓа во нашиот град и тоа е посебен настан. Ако ракометот се играше по име и буџет, Веспрем не ни треба да доаѓа во Битола – знаеме дека се посилни од нас. Но, на терен можеме да се надеваме. Ние од вчера ги започнавме подготовките за овој натпревар и трениравме во Шпанија. Сите ракометари освен Никола Маркоски се здрави и мотивирани. Ќе дадеме максимум, што е во наша моќ да бидеме достоен репрезент на македонскиот ракомет“, рече Алушовски.