Connect with us

Фудбал

Аматерска грешка на Рамос – со пресврт Реал славеше над Сосиедад

Примениот гол во 2. минута не значеше откажување на Реал Мадрид. Екипата славеше во 14. коло против Реал Сосиедад со 3-1, па се израмни со бројот на бодови со лидерот Барселона на табелата во Ла Лига.

Гостите поведоа со 1-0 во втората минута од мечот со голот на Вилијан Хозе, кој ја искористи аматерската грешка на Серхио Рамос, а до крајот на првото полувреме Бензема израмни на 1-1.

Во вторите 45 минути „кралевите“ направија целосен пресврт, па со погодоците на Валверде и Модриќ ги поставија конечните 3-1.