Connect with us

Фудбал

Андонова и Рочи повторно во дресот на Македонија

Наташа Андонова и Гентијана Рочи повторно ќе го облечат дресот на македонската женска фудбалска репрезентација. Нашите две убедливо најдобри фудбалерки долго време не беа дел од националниот тим, а откако на чело на ФФМ застана Мухамед Сејдини, претседателот на Фубалската федерација лично се заложи двете повторно да заиграат за Македонија.

Па така, Наташа Андонова веќе е ставена на располагање на селекторот Кирил Изов кој ја собра нашата најдобра женска репрезентација за претстојните пријателски мечеви против Албанија на 13 односно 16 јуни.