Connect with us

Кошарка

Антиќ дел од спектаклот во чест на Душан Ивковиќ

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ беше дел од тимот предводен од легендарниот тренер Душан Ивковиќ кој синоќа во Атина стави крај на долгогодишната кариера.

На хуманитарниот натпревар против домашниот Олимпијакос во составот на „Ѕвездите на Дуда“ покрај Антиќ беа и Милош Теодосиќ, Богдан Богдановиќ, Костас Слукас, Никос Зизис, Дарио Шариќ, Виктор Хријапа, Бобан Марјановиќ, Никола Калиниќ, Чеди ОСман, Стефан Марковиќ, Томас Ертл и Кајл Хајнс.

На натпреварот кој го доби тимот предводен од Ивковиќ со 111:103 беа присутни и многу други познати кошаркарски и спортски имиња какви што се: Александар Ѓорѓевиќ, Предраг Даниловиќ, Жарко Паспаљ, Тео Папалукас, Јуре Здовц, Дражен Далипагиќ, Дино Раџа, Зоран Чутура, Жељко Обрадовиќ, Новак Ѓоковиќ, Дејан Томашевиќ,…

Натпреварот беше прекинат на 28 секунди пред крајот во знак на 28-те титули што ги освоил Ивковиќ во својата богата тренерска кариера.

Српскиот кошаркарски стручњак од претседателот на Евролига го доби признанието „Легенда на Евролигата“. Ивковиќ е првиот тренер кому му е врачена ваква награда.

-Мои драги пријатели. Сакам да ви се заблагодарам за се што направивте за мене. Без вас ништо немаше да биде можно, изјави Ивковиќ.

Ивковиќ во текот на кариерата два пати ја освои Евролигата, по еднаш Еврокупот, Купот на Радивој Кораќ и Сапорта купот, 15 пати станал шампион во националните првенства со тимовите кои ги предводел. Работеше во многу познати европски екипи меѓу кои ЦСКА Москва, Ефес, Олимпијакос, ПАОК, Динамо Москва, Арис, Партизан,….

Беше селектор на Југославија од 1987 до 1995 година и на Србија од 2008 до 2013 година.