Connect with us

Ракомет

„Арената“ во Загреб затворена два дена пред почетокот на ЕП

Македонската ракометна репрезентација в четврток заминува за Хрватска, каде што почнува Европското првенство во ракомет, меѓутоа нејасно е дали ќе играат во „Арената“ во Загреб по заканата на инвеститорот „Ингра“.

Игор Опенхајм, претседателот на „Ингра“, вели дека се принудени да ги затворат вратите на спортската арена бидејќи градот Загреб и хрватската влада со месеци не плаќаат кирија за спортското здание и бидејќи се работи за седум години, долгот порасанал на 2 милиона евра.

Според „Вечерњи лист“, хрватската влада смета дека таа сума треба да е значително помала, по што почнале проверките, кои траат повеќе од 6 месеци.

„Поучени од претходното искуство кога по Светското првенство во ракомет ни останаа должни 1,4 милион куни (околу 190 илјади евра), принудени сме на овој потег и ако не добиеме уплата, тогаш нема да има ракомет“, изјави Опенхајм.

Од Хрватскиот ракометен сојуз велат дека ќе почекаат за коментар додека службено не добијат известување.

Македонија треба да го отвори својот настап на ЕП со меч со Словенија в сабота.