Connect with us

Фудбал

Артета бесна поради судењето: „Јасно и очигледно!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговиот тим не заслужил да загуби од Астон Вила во Премиер лигата.

Игравме навистина добро, мислев дека сме подобри и не заслуживме да го загубиме натпреварот, но тоа е фудбалот“, изјави Артета за Скај.

Фудбалерите на Арсенал загубија синоќа во Бирмингем од Астон Вила со 0:1 и ја пропуштија можноста да го заземат првото место на табелата .

Фудбалерот на Арсенал, Каи Хаверц постигна гол во 90. минута, но по употребата на ВАР технологијата голот беше поништен поради офсајд.

Запрашан за одлуката, Артета прво рече дека не сака да коментира, а потоа за Скај изјави дека има „огромно мислење“ за тоа.

Тој на прес-конференцијата по натпреварот беше прашан и за поништениот гол и евентуалната казна.

„Јасно и очигледно “, рече тој.

Од него беше побарано да го објасни одговорот, дали смета дека одлуките се погрешни или ситуациите не се очигледни за да се промени одлуката на судијата.

„Тоа е она што јас го мислам, јасно и очигледно. Тоа е мое мислење, тоа е сè што ќе кажам“, додаде тој.

Тренерот на Арсенал беше прашан за тоа по трет пат.

„Нема да зборувам повеќе за тоа “, рече Артета.

Во изјава за Би-Би-Си, на прашањето што го фрустрира, тој одговори: „Резултатот“ .

„Навистина сум горд на начинот на кој одигравме на овој стадион против овој тим. Заслуживме да победиме, но мора да бидете подобри во шеснаесетникот, но и работите мора да одат по ваш начин“, рече тој.

Астон Вила е трета на табелата со 35 бодови, еден бод помалку од Арсенал и два од водечкиот Ливерпул. Тимот од Бирмингем постави клупски рекорд од 15 последователни победи на домашен терен во Премиер лигата.

„Тие се таму и со тој рекорд целосно заслужуваат да бидат во врвот. Кога добивате толку многу натпревари на домашен терен, ги заслужувате сите пофалби“, изјави тренерот на лондонскиот тим.