Connect with us

Фудбал

Атлетико ја одреди цената за Феликс, Барса има поинаков план?!

За Жоао Феликс нема место во Атлетико Мадрид, а Португалецот по секоја цена сака да остане во Барселона.

Каталонскиот новинар Тони Хуанмарти денеска откри дека Атлетико и кажал на Барселона дека ќе може да го купи Феликс за 80 милиони евра.

Сепак, во Барселона сметаат дека во моментов се премногу пари поради тешката финансиска ситуација.

Тоа не значи дека Каталонците не сакаат да го купат Португалецот, но ќе се обидат да му предложат на Атлетико продолжување на позајмица до летото 2025 година со задолжителен откуп за 40 милиони евра.

Малку е веројатно дека Атлетико ќе прифати такви услови, особено ако Феликс продолжи да има добри перформанси и да го врати статусот и да ја подобри својата пазарна вредност по лошите игри на позајмица во Челзи.

Феликс пристигна во Барса во последниот ден од преодниот рок на редовна позајмица, без задолжителен откуп.

Досега на осум натпревари постигна три гола и додаде три асистенции и игра се подобро во тимот на Чави.