Connect with us

Фудбал

Атлетико ќе ја плати откупната клаузула за Жоао Феликс

Големиот талент на Бенфика, Жоао Феликс (19) е на добар пат да стане нов фудбалер на Атлетико Мадрид.

Тимот од „Ванда Метрополитано“ е подготвен да плати 120 милиони евра за тинејџерот, кој има откупна клаузула од 120 милиони евра. Атлетико треба да инкасира волкава сума од продажбата на Антоан Гризман во Барселона, а токму овие пари ќе ги инвестира во Жоао Феликс, како негова директна замена.

За Атлетико ова ќе биде рекорден трансфер, откако минатото лето плати 70 милиони евра за Тома Лемар од Монако.

Извор: Спорт1.мк