Фудбал
Атлетико Мадрид се сели на нов стадион
Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид в сабота го отвора новиот стадион и се сели од Винсенте Калдерон по повеќе од 50 години.
Првите четири натпревари од оваа сезона Атлетико ги одигра во гости, а од сабота „почнува нова приказна“, јавуваат шпански медиуми.
Атлетико се сели на својот нов „Ванда Метрополитано“, а тој стадион ќе го отвори со натпревар против Малага.
Ванда Метрополитано ќе има капацитет од 68 илјади места за гледачи и чинеше околу 310 милиони евра.