Фудбал
Аугсбург го отпушти тренерот Масен

Бундеслигашот Аугсбург го отпушти Енрико Масен како главен тренер на тимот. За привремен е назначен Тобијас Штробл, кој го предводи тимот до 23 години.
– По опсежни дискусии и анализа на моменталната спортска ситуација, Аугсбург одлучи веднаш да го ослободи тренерот Енрико Масен од неговите должности. Спортскиот директор Маринко Јурендиќ и извршниот директор Михаел Стрел лично го информирале 39-годишниот тренер за оваа одлука, се вели во соопштението на клубот.
Сезонава тимот освои пет бодови на 7 натпревари и се наоѓа на 15. место во Бундеслигата.
– Јас сум разочаран од оваа одлука бидејќи сум убеден дека заедно би можеле да ја свртиме ситуацијата. Благодарен сум на раководството на клубот што ми даде можност да работам како тренер во Бундеслигата. Посакувам се најдобро во иднината и се надевам дека основата што ја изградивме заедно ќе доведе до успех, стои во реакцијата на Масен.
Тој беше на чело на Аугсбург од летото 2022 година. Под негово водство, тимот го зазеде 15. место во последната сезона од германскиот фудбалски шампионат.