Connect with us

Фудбал

Аууу, каква изјава на Фонсека по победата над Реал Мадрид: Беше потешко против Монца минатиот викенд!

Тренерот на Милан Пауло Фонсека даде интересна изјава откако неговиот тим го совлада Реал Мадрид со 3:1 на гостувањето во Лигата на шампионите, велејќи дека е потешко да се игра Серија А.

По натпреварот тој целосно го „патосираше“ Реал Мадрид со изјава во која вели дека е потешко да се игра против Монца викендов отколку синоќа во Лигата на шампионите. Секако, тој ја објасни својата изјава со тоа што Серија А е најтешка за играње.

„Искрено, мора да го погледнете целиот контекст. Поради начинот на кој сакам да играм фудбал, ова се натпревари со повеќе простор за играње. Луѓето не разбираат колку е тешко во Серија А. Имавме Монца, сега Каљари оди уште потешко, погледнете и ќе видите дека Аталанта беше единствениот тим што успеа да го победи Баер Леверкузен“, рече Фонсека и објасни:

„Искрено, потешко е да се игра во Серија А отколку во Лигата на шампионите поради овие тактички проблеми. Ни беше полесно да играме против Реал, најдобриот тим во светот, отколку против Монца бидејќи пристапот е различен. Можеби е причината поради која игрите во Италија не се толку забавни, но се навистина тешки“, додаде Фонсека.