Connect with us

Фудбал

Азар му се јави на Сари и има ново барање

Се уште не се знае дали Еден Азар и надредната сезона ќе игра во Челзи.

Маурицио Сари сака околу Белгиецот да го гради тимот, но шпекулациите за неговото заминување во Реал Мадрид не престанаа. „Кралевите“ се одлучни во намерата да го купат, но Челзи се обидува да го избегне трансферот.

„Разговаравме но не за трансферот. Ме праша дали може да дојде во понеделник наместо во недела. За сега немаме проблеми со Азар“, рече Сари.

Меѓутоа, Азар и самиот сака да оди во Реал.

Челзи денеска го игра натпреварот од Комјунити Шилд против Манчестер Сити.

Азар побара да дојде ден покасно, а можеше да игра на денешното дерби. За некои се е подготвено за неговиот трансфер во Мадрид. Англиските медиуми сметаат дека средбата е „Денот Д“ кога е во прашање иднината на белгискиот репрезентативец.