Connect with us

Кошарка

Бадел убедливи во женското кошаркарско дерби против Вардар

Кошаркарките на Бадел ја остварија и седмата победа во домашниот шампионат.

Актуелниот македонски првак Бадел го доби дербито против Вардар, со убедливи 93-67, кое се играше во рамките од осмото коло.

Уште по првото полувреме кошаркарките на Бадел остварија убедлива предност со 18 поени разлика 55-37, па во вториот дел рутинирано ја одржуваа предноста.

Најефикасни кај победничкиот тим беа Димова со 24 и Лазареска со 19 поени, додека прв стрелец на Вардар беше искусната Наков со 20 поени.

Кошаркарките на Бадел се единствените со максимални осум победи, додека вардарки кои се второ пласирани, го претрпеа вториот пораз.