Connect with us

Фудбал

Баерн Минхен го смени грбот, пронајди ја разликата!

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен одлучи да го промени клупскиот грб, а визуелниот идентитет на клубот ќе помине низ минимални корекции. Во модерниот фудбал клубовите често прибегнуваат кон менување на грбовите за да ги следат трендовите, а Баерн се реши на такво нешто.


Сепак, децениските симболи на клубот нема да се променат и тие ќе останат на грбот. На почетокот на оваа година, Феернорд го промени својот грб и навивачите тешко можеа да најдат четири разлики помеѓу стариот и новиот грб. Сега по истиот пат тргна и Баерн, чие ново лого покажува промена, но тоа се однесува само на бојата.

Она што ќе биде ново на грбот на Баерн е сината боја. Наместо потемна, сега ќе се користи малку посветла нијанса на сина боја. Сите други традиционални детали остануваат непроменети. Инаку, овој грб на Баерн, со мали корекции, се користи од 1954 година и ова ќе биде негова четврта помала промена. Значењето на логото е тесно поврзано со историјата на баварскиот регион, така што сино-белата внатрешност на грбот го претставува знамето на Баварија.