Connect with us

Фудбал

Бака може да оди, Гатузо ја постави цената

Милан е подготвен да продаде барем еден напаѓач, а најблиску до излезот е Карлос Бака.

Колумбискиот напаѓач беше во Виљареал на заем, а сега се врати во Милан и се обидува да договори разделба со Росонерите.

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо нема намера да смета на Бака, а за овој напаѓач се потребни 15 милиони евра. Виљареал одби да го купи на крајот од сезоната, а ќе видиме дали тие ќе го променат своето мислење во Жолтата подморница, иако се уште постои интерес за Бака.

Бака постигна 15 гола со шест асистенции на 35 натпревари, но во Милан, со пристигнувањето на Гонзало Игуаин сметаат дека не е потребен.

Освен него, Милан ги има на располагање Андре Силва, Никола Калиниќ и младиот Патрик Кутроне, и време е да заминат најмалку двајца. Бака и Калиниќ најблиску до заминување.