Connect with us

Фудбал

Барса на летна турнеја од 43 илјади километри

Барселона деновиве е во преговори за пријателски натпревар со руски Зенит, а според шпанските медиуми, клубовите се блиску до договор.

Според медиумите, иако датумот се уште не е познат, натпреварот ќе се одигра на стадионот во Санкт Петербург, а тоа ќе значи дека тимот на Барселона летово ќе пропатува неверојатни 43 илјади километри.

Првиот подготвителен натпревар на Меси и друштвото е на 23-ти јули против Челзи во Токио, а четири дена подоцна ќе се сретнат со нивната легенда Андрес Иниеста, односно играат против Висел Кобе.

Каталонците потоа се враќаат на Камп Ноу, каде на 4-ти август ќе играат против лондонски Арсенал, по што патуваат за Мајами каде ќе играат против Наполи.

ako.mk