Connect with us

Фудбал

Барселона на Инстаграм: Меси доаѓа!?

Каталонските медиуми пред неколку дена започнаа „кампања“ за враќање на Лионел Меси во Барселона, а синоќа клубот ги загреа навивачите со објава на Инстаграм. Има и слики кои индиректно навестуваат силуети на Меси како користи планети и разни небесни тела.

„Вечерва небото над Блауграна е посветло од вообичаено“, стои во статусот на изданието кое ги изненади и најжестоките навивачи на клубот.

Со ова замавнаа шпекулациите за можно враќање на Меси. Како што е познато, можно е Аргентинецот да дојде зимава на паузата меѓу две сезони во МЛС, за да може да остане во форма пред почетокот на новата сезона во САД.

Има и коментари кои ја осудуваат Барселона со повици да не си игра со емоциите на навивачите и да не им дава надеж дека вакво нешто навистина ќе се случи.

Враќањето на светскиот шампион е можно на позајмица од Интер Мајами во зима, но како што тврди каталонскиот весник Спорт, засега нема официјален контакт меѓу двата клуба на оваа тема.