Фудбал
Барселона не може да го победи најслабиот тим во Ла Лига, а за судењето ќе се дебатира (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона ремизираа 2:2 на гостински терен со екипата на Гранада. Иако Чави Ернандез не можеше да смета на повредените играчи Роберт Левандовски, Рафиња, Педри и Френки де Јонг, вечерашната победа не требаше да се доведе во прашање.
Но, само што тргна од центарот, Барса прими гол, Гави ја загуби топката, Кунде беше премногу опуштен, а Брајан Сарагоса побегна зад него и погоди во контра за 1:0. Барса тргна во напад, но не постигна, туку прими втор гол. Сарагоса повторно го „полуде“ Кунде, двапати го „кршеше“ со дриблинзи, а потоа со надворешниот дел од копачката погоди под гредата за 2:0.
Каталонците тргнаа на се или ништо, а пред да заминат на одмор, во самиот финиш Феликс некако му ја додаде топката на Џамал, кој намали на 2:1. Во вториот се играше само пред еден гол. Израмнувањето стигна во 85-та минута преку Серхи Роберто. Барселона во 94-та минута постигна уште еден гол, но беше поништен поради офсајд по реакција од ВАР собата, бидејќи Феран Торес, кој беше во офсајд, наводно влијаел на реакцијата на голманот при скокот, но ова ќе биде одлука за која ќе се расправа.
Инаку, Гранада со Алмерија се најлошите тимови во моментов во Ла Лига и се наоѓа на претпоследното место на табелата.