Connect with us

Фудбал

Барселона не се грижи за финансискиот фер-плеј: Донесува играчи, а сепак должи пари на Сити, Баерн, Севиља…

Во 2009 година, УЕФА воведе финансиски фер-плеј со цел да ги спречи клубовите да трошат пари неконтролирано, односно да ги усогласат фудбалерите со нивниот финансиски биланс во банката.

Сепак, се чини дека во Барселона не ги почитуваат премногу тие правила, а последните информации кои протекоа во медиумите велат дека финансискиот фер-плеј е навистина бесмислен по примерот на каталонскиот гигант. Имено, додека Барселона во последните години носи фудбалери и во последните две сезони потроши 100 милиони евра, сепак таква цифра им должи на бројни европски клубови за трансфери од минатото.

Имено, Лидс од 2022 година ги чека првите рати на име обештетување за Рафиња во износ од 42,5 милиони евра, Манчестер Сити чека исплата од 26 милиони евра за Феран Торес, но тука не е крајот на списокот на клубови на кои Барселона се уште им должи пари. На Севиља, Барса и должи 24,5 милиони евра за Жил Кунде, додека на Баерн 21 милион евра за Роберт Левандовски. Сите се прашуваат како е тоа воопшто возможно, но доколку парите не почнат наскоро да доаѓаат на сметките на тие клубови, целиот случај може да заврши на суд.