Connect with us

Фудбал

Барселона со специјално лого на дресовите против Реал Мадрид во новото „Ел Класико“

Фудбалерите на Барселона ќе носат специјални дресови со логото на поп-рок групата Колдплеј на претстојното големо дерби против Реал Мадрид, соопшти денеска каталонскиот клуб.
Претстојното „Ел Класико“ ќе се одигра на 26 октомври на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Во клупското соопштение се наведува дека женскиот тим на Барселона ќе ги носи дресовите со логото на Колдплеј на натпреварот од домашното првенство против Еибар на 2 ноември.
Дресовите со логото на музичката група ќе бидат пуштени во продажба во ограничени количини, а приходите ќе бидат донирани на проектот УНХЦР/АЦНУР и Фондацијата Барселона за да помогнат во борбата против ефектите од климатските промени во бегалските кампови во Уганда.
Откако почна партнерство со сервисот за стриминг на музика Spotify, кој е спонзор на дресот на Барселона и на стадионот Камп Ноу, каталонскиот клуб на дуелите против Реал настапуваше со логоата на повеќе музички ѕвезди вклучувајќи ги Ролинг Стоунс, Дрејк и Розалија на нивните дресови против Реал.