Connect with us

Фудбал

Бехрами: Политиката е виновна што повеќе не сум дел од репрезентацијата

Албанецот од Косово со швајцарски пасош, Валон Бехрами веќе не е дел од репрезентацијата на Швајцарија, а за тоа причината ја гледа во политиката.

Селекторот Владимир Петковиќ му соопшти на Бехрами дека во иднина нема да смета на неговите услуги.

– Петковиќ ме повика и мислев дека ќе разговараме за мојот статус во репрезентацијата, а тој всушност ми ја затвори вратата во националниот тим. Селекторот има право да каже што сака, но ова очигледно е работа на политиката, изјави Бехрами.

Тој за Швајцарија дебитира во 2005 година и настапено на четири Мундијали и две Европски првенства.