Connect with us

Фудбал

Белград ќе гради стадион по примерот на Скопје

Белградскиот градоначалник Синиша Мали најави дека во втората половина на 2018 година ќе се гради Национален стадион во Белград.

Мали, заедно со претседателот на Градското собрание на Белград, Никол Никодијевиќ и со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кнез, се сретнаа со претставниците на проектантската куќа „Фенсик Ирибарен Архитектс“, која ќе го изработи проектот за изградба на Националниот стадион.

– Ова е прв состанок на кој се презентирани неколку можни локации за изградба на новиот Национален стадион, кој го најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. По одобувањето на локацијата, веднаш ќе се мина на фазата на проектирање, а во втората половина на следната година ќе започне и изградбата, изјави Мали.

Тој нагласи дека е предвидено новиот стадион да има капацитет за 60.000 гледачи, каде, според него, ќе може да се организираат и финални натпревраи во Лигата на шампиони и Лига Европа.

– Тоа всушно е и наша цел, Белград да добие модерен стадион по критериумите на УЕФА, за еден ден да бидеме домаќини на големо финале, како што тоа беше случај годинава во Скопје, каде се играше Супер купот, а во кој играа двата најдобри светски клуба Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, додаде белградскиот градоначалник Синиша Мали.

Advertisement