Connect with us

Фудбал

Бесниот Конте удри по управата на Интер: Што да правам со фудбалери од Каљари и Сасуоло?

„Ни се случи истото она што ни се случи против Барселона, до душа ова беше полошо бидејќи имавме два гола предност. Разочаран сум, но што да кажам? Ми велат дека трбеа да се смешкам повеќе пред камерите, да велам исти работи, дека напредуваме, одиме чекор по чекор…“ – вели тренерот на Интер.

„Не сакам да го коментирам второто полувреме, има премногу алибија и не сакам да креирам нови. Се надевам само дека ваков тип на натпревари ќе им разјаснат одредени работи на луѓето кои треба да разберат. Момците одат 100 км/ч и можам само да им се заблагодарам за она што го прават овој период. Не можат да дадат повеќе од ова“.

„Ова ме иритира, и се надевам дека ги иритира и играчите. Можеме само да работиме, и тоа го правиме. Едноставно ми е преку глава постојано да кажувам едни исти работи, се надевам дека некој од директорите ќе излезе и ќе објасни што се случува“.

„Не ме интересира за јануари и февруари, требаше подобро, многу подобро да ја испланираме сезоната. Докажавме дека секој противник можеме да го ставиме на мака кога сме во форма, но има играчи кои играат нон-стоп. Не можеме да играме во Серија А и Лигата на шампиони постојано на лимит. Навистина ми е дојдено преку глава, бидејќи не можеме повеќе од ова, го достигнавме лимитот“.

Тој потоа за Спортмедиасет додае: „Имаме премногу ограничен состав за настап во Серија А и Лигата на шампионите. Ограничен е и од аспект на ширина, и од аспект на квалитет“.

„Одредени играчи константно треба да бидат на терен и тоа на долг период, а така не се може. Бесен сум, ова ја поништува сета добра работа“.

„Не барам ништо од клубот, овие се играчите кои ги имаме и со овие играчи одиме во битка. Клубот ќе направи свои проценки, сакам само да посочам дека сите погрешивме кога ги правевме плановите за сезоната“.

„Ситуацијата е алармантна а имаме само тројца повредени. Другите тимов иимаат многу повеќе повредени играчи а не чувствуваат никакви последици“.

„Исто така, говориме за група играчи кои освен Годин, немаат освоено ништо. Па кога ќе згусне, тешко се справуваат со ситуацијата. Кого да повикам да истапи? Николо Барела кого го купивме од Каљари? Или Стефано Сенси кој дојде од Сасуоло? Секогаш ќе им бидам благодарен на играчите што го оставаат срцето на терен, и знам дека барам многу, но на некои им е тешко“.

„Не смееме да дозволиме сегашната ситуација на табелата во првенството да ги прикрие реалните проблеми кои ги имаме“.