Connect with us

Фудбал

Без победник на „Чаир“ – Шкупи и Струга си поделија по бод

Во рамките на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и на „Чаир“ екипите Шкупи и Струга си поделија по бод во реми без голови.

На табелата, Шкупи со денешниот бодот дојде до 18, исто колку Шкендија и Силекс, додека Струга има 15 бода.

Во наредната рунда чаирчани гостуваат кај Силекс, додека стружани ќе бидат домаќини на лидерот Вардар.