Connect with us

Други спортови

Без победник во дербито на северен Лондон

Фудбалерите на Арсенал и Тотенхем во севернолондонското дерби во четвртото коло од англиското првенство одиграа без победник, иако Хотспур како гостин на „Емирејтс“ имаше водство од два гола.

Тотенхем имаше сигурно водство со головите на Кристијан Ериксен во 10 минута и на Хари Кејн во 40 минута од пенал, а Арсенал успеа да намали во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. „Тобчиите“ во вториот дел целосно ја преземаа иницијативата и успеаја да израмнат во 71 минута преку Пјер-Емерик Обамејанг. Во 80 минута главниот арбитар Мартин Аткинсон поништи погодок на Арсенал по прегледување на ВАР-от поради недозволена позиција.

Со денешниот погодок Ериксен стана петтиот играч на Тотенхем кој постигна 50 и повеќе голови во Премиер лигата, претходно тоа го постигнаа Хари Кејн кој сега има 128 голови, Теди Шерингам со 97, и Џермејн Дего и Роби Кин и двајцата по 91 погодок.

Двата клуба од северен Лондон досега одиграа 184 натпревара, подобар е Арсенал со 75 победи, а Тотенхем триумфирал во 58 средби, а уште 51 дуел завршил без победник.

Арсенал е сега на петтото место на првенствената табела, со 7 бодови од четири кола, додека Тотенхем е деветти со пет бодови.

Претходно во неделата Евертон на својот „Гудисон Парк“ го совлада Вулверхмептон со 3:2 (2:1), а три погодока беа постигнати во првите речиси десет минути. Домашните поведоа во 5 минута Ричарлсон а по четори минути за гостите израмни Ромен Сенс, а Алеск Ајоби во 12 минута повторно го доведе Евертон во водство. Гостите по вторпат израмнија преку Хименез во 75 минута, но водството за домашните по трет пат го врати со својот втор погодок Ричарлсон, а тоа беше и конечниот резултат.

Евертон е шести со седум бодови, а Вулверхемтон 17-ти со три бода. На врвот е ланскиот вицепрвак Ливерпул со максималните 12 бодови, а го следи актуелниот шампион Манчестер Сити со 10 бодови.

Извор: Нетпрес