Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Каталонија, Барселона ќе го убедува Гвардиола да се врати

Гвардиола одбил нов договор со Манчестер Сити, а актуелниот му истекува на крајот од следната сезоната. Сепак, наводно тој би можел да го раскине договорот по завршувањето на оваа сезона, доколку неговиот тим биде исфрлен од Лигата на шампионите, секако нешто за што има најави поради кршењата на правилата за финансиски фер плеј.

Доколку тоа се случи, челниците на Барселона се подготвени да го вратат на клупата на својот тим и веднаш да го раскинат договорот со Сетиен. Сепак, се поставува прашањето дали Гвардиола би се вратил во Барселона, клуб во кој ја стекна најголемата слава.