Ракомет
Борозан доживеал сообраќајка, го пропушта Европското првенство?
Ракометарот на Вардар и репрезентативец на Црна Гора, Вуко Борозан доживеал сообраќајна несреќа, нема тешки повреди, но најверојатно ќе го пропушти Европското првенство во Хрватска.
Вуко Борозан во близина на Цетиње излетал од заледениот пат со својот автомобил и се здобил со полесни повреди, но добил повреда и на мускулот на задната ложа од десната нога поради што ќе треба да паузира околу два месеци.