Кошарка
Бостон подобар во дербито против Кливленд
Кошаркарите на Бостон го освоија големото дерби со Кливленд во НБА откако победија дома со 102: 88.
Ајзеа Томас беше поздравен со овации при враќањето во „Ти Ди Гарден“, но очекувано не зеде учество во натпреварот, а Кавалирс одиграа еден од најслабите дуели во сезоната.
Тери Розиер ги поведе „детелините“ со 20 поени за 20 минути од клупата, Маркус Смарт и Џејсон Тејтум додадоа по 15, а Каири Ирвинг и Ал Хорфорд се забележаа по 11 за четвртата последователна победа на Бостон.
Домаќините го контролираа натпреварот, а повредата во глуждот на Кевин Лав не му помогна на тимот. Гостите успеаја само при 35 отсто од нивниот шут од игра, а во последната четвртина заостануваа со 21 поен. Леброн Џејмс постигна 19, но очекувано беше незадоволен по дуелот, бидејќи ова беше петтиот пораз во последните 7 натпревари што го оддалечи тимот од челото на конференцијата и покажа дека најдобриот тим во последните години на Исток воопшто не е убедлив.
„За мене, она што го правиме е секогаш најважно. Истокот е силен оваа сезона, и сега не сме многу добри. Сѐ уште не е јасно колку сме силни, бидејќи Ај Ти (Томас) сѐ уште не е подготвен, но верувам дека се ќе биде во ред“, коментираше лидерот на Кавс, чиј тим е со биланс 25-13, додека Бостон се подобри до 31-10.
Резултати од НБА:
Орландо – Хјустон 98: 116
Филаделфија – Сан Антонио 112: 106
Вашингтон, Њујорк, 121: 103
Бруклин – Минесота 98:97
Мајами – Детроит 111: 104
Бостон – Кливленд 102: 88
Чикаго – Торонто 115: 124
Милвоки – Индијана 122: 101
Далас – Голден Стејт 122: 125
Денвер – Феникс 134: 111
Јута – Њу Орлеанс 98: 108
Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома Сити 96: 133