Connect with us

Фудбал

Бразилското „чудо од дете“, ама нема да игра за Бразил, ја одбра Хрватска (ВИДЕО)

Интересна вест доаѓа од Хрватска. Локалниот „Индекс“ открива дека суперталентираниот, 14-годишниот Бразилец Рафаел Гомез Сирино, попознат како Белињо, во иднина ќе им биде на располагање на хрватските репрезентации за кои би сакал да настапува. Ова момче веќе неколку години живее во Хрватска.

По смртта на неговата мајка, тој отпатува во Хрватска со својот татко и сега интензивно тренира во младинската школа на Динамо. Очигледно оваа средина многу му се допаднала, па ја одбил поканата од Фудбалскиот сојуз на Бразил да игра за нивните селекции во помладите категории.

-Можеме да потврдиме дека е започната процедура Белињо да добие хрватско државјанство, а преку разговори со играчот и неговиот татко добивме впечаток дека тој е нестрплив да ја претставува Хрватска во иднина. Должност на ХНС е да следи сите талентирани играчи кои можат да играат за Хрватска, а Белињо е она што досега го покажа исклучително перспективниот и надарен фудбалер. Здружението е максимално ангажирано да ги собере сите таленти кои можат и сакаат да играат за Хрватска, така е и во случајот со овој млад човек, кого ќе продолжиме да го следиме и поддржуваме во неговите напори да добие хрватско државјанство. “, потврди ХНС во соопштението за споменатиот портал.