Кошарка
Бредли Бил со 51 поен против Портланд, Вестбрук со нов „трипл-дабл“
Бредли Бил откри дека спиел малку, откако ден претходно, Вашингтон изгуби од Јута со 47 поени разлика. Сепак, ова беше лоша вест за Портланд.
Бекот на Визардс реализираше рекордни во кариерата 51 поени и ги изведе Визардс до победа над Трејлблејзерс со 106:92.
Силен втор дел му помогна на тимот да се повлече со 51:37 на паузата, а потоа разликата скокна на 23 поени. Сите обиди на Портланд за пресврт се покажаа неуспешни и иако Демијан Лилард постигна 30 поени, „пионерите“ изгубија трет пат по ред.
Освен тоа Бил стана играчот кој бележи најмногу поени во Орегон, откако го подобри постигнувањето на Лу Хадсон и Карим Абдул Џабар од 49 поени во салата на Трејлблејзера. Двата тима имаат скор од 13-11 по натпреварот.
Во другите натпревари, Торонто го победи Феникс со 126:113 откако 7 играчи завршија со најмалку 13 поени.
Расел Вестбрук пак направи нов „трипл-дабл“ со 34 поени, 13 скока и 14 асистенции а Оклахома Сити направи пресврт и ја победи Јута со 100:94, освојувајќи ја последната четвртина со 32:14.