Connect with us

Ракомет

Брестовац: Манасков откажа, Стоилов ќе игра против Турција

„Манасков откажа, а за Стоилов треба да видиме. Последно е дека ќе игра со Турција, а за потоа ќе договориме. Ќе ги видиме Димитровски и Маџоски што и колку можат на овие натпревари. Приоритет ни е добар натпревар, борбен дуел и секако очекувам победа. Ќе играат тие што се подготвени да се „степаат“ со Турците. Очекувам победа со која ќе го задржиме првото место во групата“, изјави Брестовац.

Македонската ракометна репрезентација со денешниот собир ги започна подготовките за последните два натпревари против Турција и Грција во квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Првиот натпревар Македонија го игра на 12 јуни на гости против Турција, додека финишот на квалификациите е против Грција на 16 јуни во Струмица.

На собирот не се појавија ниту Лазаров, Стоилов, Кузмановски и Талевски, додека Борко Ристовски има настинка но на првиот тренинг се очекува репрезентацијата да биде подготвена.