Connect with us

Фудбал

Брука, примија гол по само 8 секунди откако тргнаа од центарот (ВИДЕО)

Голем број изненадувања се случија синоќа во натпреварите од Европската и конференциската лига, а едно помалку беше забележано во Букурешт каде ФЦСБ го победи Митјиланд со резултат 2:0. Головите за романскиот тим ги постигнаа Танасе (16.минута) и Бирлигеа (46.минута), а вториот гол ќе биде предмет на многу дискусии на социјалните мрежи. Имено, Данците се обидоа да го изненадат ривалот изведувајќи координирана акција од центарот, што значеше дека топката беше испратена до голманот, а сите играчи го нападнаа теренот на противникот. Сепак, егзекуцијата тргна наопаку бидејќи голманот Олафсон чекаше подолго отколку што требаше, а противничкиот играч премногу му се доближи.

FC Midtjylland unusual kick off as they concede after 8 seconds
byu/Rayan2550 insoccer

Кога се обиде да шутира, таа удри право во него и за негова несреќа се одби директно пред гол-линијата каде Бирлига само со гради го потврди голот.