Connect with us

Фудбал

Чаби Алонсо може да го напушти Леверкузен пред крајот на неговиот договор

Тренерот на Баер, Чаби Алонсо може да го напушти клубот од Леверкузен пред истекот на неговиот договор доколку добие понуда за преземање од Реал, Ливерпул или Баерн, пренесуваат шпанските медиуми.

Алонсо го презеде Баер минатиот октомври кога клубот од Леверкузен беше претпоследен на табелата во Бундеслигата.

Шпанскиот тренер на крајот го освои шестото место со Баер Леверкузен и се пласираше во Лига Европа. Тимот од Леверкузен и минатата сезона се пласираше во полуфиналето на Лига Европа.

Шпанските медиуми тврдат дека Алонсо ќе го преземе Реал Мадрид на крајот од сезоната, бидејќи Карло Анчелоти ќе биде именуван за нов селектор на Бразил во јуни следната година.

Алонсо има договор со Баер до јуни 2026 година. Сепак, шпанскиот АС се повикува на пишувањето на Билд и тврди дека Алонсо може да го напушти Леверкузен пред крајот на договорот. Тој во договорот со германскиот клуб има клаузула дека може да го напушти Баер во случај да добие понуда да стане тренер на Реал, Баерн или Ливерпул.

Алонсо (41) во кариерата играше за Реал Сосиедад, Ливерпул, Реал и Баерн. Неодамна изјави дека не сака да зборува за Реал бидејќи мисли само на својот тим. Леверкузен моментално е на првото место на табелата во Бундеслигата со 19 бодови.