Connect with us

Кошарка

Чанак своето деби во Партизан го игра против МЗТ Скопје

Ненад Чанак ќе ја предводи екипата на Партизан во наредниот период, а своето деби ќе го има во сабота кога во рамките од АБА лигата црно-белите го пречекуваат македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Откако пред два дена отказ доби Мирослав – Мута Николиќ, по тимот синоќа во рамките на Еврокупот го водеше Александар Матовиќ, денеска Управниот одбор (УО) на Партизан, реши, шанса да му даде на својот поранешен кошаркар Ненад Чанак.

„Чанак е нов тренер. Тој доби поддршка од денешната седница на УО и тоа од сите 17 членови. Тој е поранешен капитен на Партизан. Мислиме дека е добро да им се даде шанса на млади тренери“, изјави претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ.

Чанак до сега ја водеше екипата на Спартак, што е прв негов тренерски ангажман, додека минатата сезона беше дел од стручниот штаб на црно-белите. Во текот на својата кариера како играч, во два наврати го носеше дресот на Партизан 1992/1994 и 1999/2003.