Connect with us

Фудбал

Челзи постави цена за Лукаку

Како што пренесува Фабрицио Романо, Челзи веќе испланирал што да прави со Ромелу Лукаку.

„Сините“ „заковаа“ откупна клаузула од 37 милиони евра за белгискиот напаѓач, моментално позајмен во Рома, за која досега постигна седум гола.

Ова е вкупно четврта позајмица на која Челзи го испраќа корпулентниот напаѓач. Во првиот мандат на Стемфорд Бриџ беше пратен во ВБА и Евертон, а пред Рома извесно време мина во Интер на позајмица претходната сезона.

Големото прашање е каде ќе продолжи Лукаку следната сезона.